Специјалното јавно обвинителство најави две нови истраги, објави пред малку СЈО.
Детали за истрагите ќе бидат соопштени задутре на прес конференција.
„На 20.10.2016 година со почеток во 11:00 часот во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани две нови истраги“, соопштија од СЈО.