СЈО НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ ПРИВЕДУВА АКО СВЕДОЦИТЕ ДВА ПАТИ ГИ ИГНОРИРААТ ПОКАНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ ПРИВЕДУВА АКО СВЕДОЦИТЕ ДВА ПАТИ ГИ ИГНОРИРААТ ПОКАНИТЕ

    Нема можност за бекство или нејавување на поканите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на лицата кои тоа ќе ги повика како осомничени или како сведоци повеќе од два пати, појаснуваат од ова обвинителство по информациите дека некои од сведоците во предистражните постапки изјавувале дека се на одмор или службен пат, или пак едноставно ги игнорирале поканите. Тоа се однесува и на лицата кои доставиле и боледување како оправдание, како што е случајот со еден од клучните сведоци кого СЈО го канело уште од мај.

    По две недоаѓања на распит, третиот пат повиканите ќе мора да дојдат, инаку СЈО ќе бара судот да издаде налог за присилно приведување, ја објаснуваат постапката од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Специјалното обвинителство ќе бара од судот да издава налози за приведување или за лишување од слобода, сеедно дали повиканите се во Македонија, или се во странство.

    „Веќе имаме одлична соработка со правосудните органи со земјите од ЕУ, со САД и со државите од поширокиот регион“, велат од СЈО.  „Нам ни стојат на располагање познатите механизми за меѓународна соработка. Ќе ги употребиме сите механизми, па ако треба и ќе бараме судот да распишува потерници за предавање на евентуалните избегани сведоци и осомничени преку Интерпол“, велат од тимот на Јанева.

    На прашање како СЈО би реагирало ако некои апсења предизвикаат и протести, или немири во државата, од таму велат дека со сите ќе се постапува на ист начин како што се постапува во кривична постапка за сите останати граѓани.

    „Ако постојат ризици, истражителите ќе го известат МВР. Тоа ќе биде тест за полицијата и за останатите институции дали ќе постапат како што предвидува законот“, велат од СЈО.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира