СЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, КАЖА ЈАНЕВА ПО РАСПИТОТ НА ГРУЕВСКИ

    СЈО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, КАЖА ЈАНЕВА ПО РАСПИТОТ НА ГРУЕВСКИСпецијалната обвинителка Катица Јанева излегува од СЈО по распитот на Никола Груевски. (Фото: М. Златевска)

    По два и полчасовен распит на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, од СЈО излезе обвинителката Катица Јанева и соопшти дека е почната предистражна постапка за финансиски криминал поврзан со електрична енергија за земена провизија.

    На новинaрско прашање за што поконкретно се работи, таа рече дека станува збор за основани сомневања за малверзации во врска со електрична енергија. Таа не откри детали, но рече дека биле вештачени два разговора меѓу две лица кои се воделе во континуитет подолго време и врз база на тие разговори отворена е предистражна постапка.

    Јанева рече дека овој случај не е поврзан со претходните за кои што имаат обвиненија или се водат истраги, туку се работи за сосема нова предистражна постапка, неповрзано со претходните. На прашање во какво својство бил повикан Груевски, таа рече дека сите лица кои се повикуваат во оваа фаза, се повикуваат во својство на сведоци. На прашање, пак, дали ако сведокот премине од сведок во осомничен, дали тоа му го соопштувате на лицето, конкретно Груевски, кој денеска беше испрашуван во СЈО, таа рече дека информирањето за евентуална промена на статусот од сведок во осомничен се соопштува во фаза кога ќе се отвори истрага.

    Груевски, кој излезе од СЈО пред Јанева, стоеше 15-тина метри од влезната врата и се консултираше со еден од партиските портпароли завртен со грб, а новинарските екипи го чекаа да се врати и да даде изјава бидејќи пред да се оддалечи од камерите рече: „Ќе се вратам“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира