Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе барање за изземање на судијката Лидија Петровска, која постапува по обвинението на СЈО за уништувањето на докази во УБК, бидејќи „постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори“.
Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека ги врати доставените докази од Специјалното јавно обвинителство за ова обвинение со образложение дека не е доставен акт за декласификација на доказите, поради што не може да се оцени основаноста на обвинението.
Судијката Лидија Петровска сe споменува во разговорот помеѓу судијката Сафија Лаличиќ и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова. Набрзо по објавување на „бомбата“, Неделкова тврдеше дека таа не добивала подароци од никого, најмалку Сваровски кристали, велејќи „повеќе сум љубител на бисери, отколку на Сваровски“.
Разговорот помеѓу судијката Сафија Лаличиќ и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков го имаше во „бомбата“ за правосудството, објавена од опозицијата на 19 март 2015 година. Во продолжение е извадок од транскриптот на „бомбата“, во кој се споменува судијката Лидија Петровска:
СЛ: Како!? Добро. А што сакав да те прашам. Другите кои ги договоривте?
СМ: Уште една таа од КС, како се викаше?
СЛ: Лидија Тупанчевска, ме зезаш?
СМ: Не, Петровска бе, не Тупанчевска.
СЛ: Тупанчевска се презива, таа му е на Тупанчевски братучетка.
СМ: А?
СЛ: Тоа и е моминско, и е Тупанчевска, Петровска и е од мажот.
СМ: Аха. Иначе која е, како е она?
СЛ: Па на Тупанчевски му е братучетка. Е значи го испуши кај Лидија, и го испуши. Значи цел Сваровски и го купи и го испуши.
СМ: Она ја предложи оваа, ама ако не, можам да ја откачам ја.
СЛ: Е што, она пушеше кај Лидија секој ден Сварсовски поклони и купуваше. И ја купи Лидија за поклоните сега…сум ти кажала за Тупанчевска уште пред година дена, нели сум ти кажала за Тупанчевска да памтиш.
СМ: Добро ајде нема везе ако му е братучетка. Имам ја братучеди што не ги ни познавам.
СЛ: И добро, друг?
СМ: Толку е што.
СЛ: Е па три места има.
СМ: Е па третото слободно е, до понеделник.
СЛ: Што збориш бе?
СМ: Каква е таа, кажи ми?
СЛ: На Тупанчевски му е братучетка. Јас многу фино стојам со неа, коректна е. Ама многу пуши, многу лиже г`зови, вештачка е. Кај мене не знаеш, она почна да ме части, бесплатни козметички работи…
СМ: Ама сега, ќе ја викам ја неа кај мене, ќе ја видам ја, тоа неможе да пројде така.
СЛ: Ти не знаеш каков г`золижач е. Мене ме частеше ваучери за да идам на козметичари за да ме купи за ова.
СМ: Таа утре ќе се сврти, а?
СЛ: Таа? А бе како да ти кажам. А бе за Вики на Жане Белозова сестра и, не завршивте работа?