СЈО СО ПРЕДИСТРАЖНИ МЕРКИ ЗА ПРИВАТНИТЕ РАЗГОВОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО СО ПРЕДИСТРАЖНИ МЕРКИ ЗА ПРИВАТНИТЕ РАЗГОВОРИ

    Специјалното обвинителство поведе предистражна постапка за приватни разговори кои беа објавени на социјалните мрежи, соопштија пред малку од СЈО.

    Во соопштението се вели дека СЈО најостро го осудува објавувањето на материјали од приватни разговори кои изминатите денови се појавија на социјалните мрежи, а со кои се нарушува интегритетот, достоинството и моралот на определени лица, стои во соопштението емитувано пред малку. Во оваа насока појаснуваме дека објавувањето на вакви материјали е кривично дело, согласно членот 151 од Кривичниот законик. Овој член предвидува дека тој што со употреба на посебни уреди неовластено прислушкува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета, ќе се казни со казна затвор од една до пет години, а со оваа казна ќе се казни и тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана. Воедно со истата казна ќе се казни и тој што тонски ќе сними изјава што му е наменета, без знаење на оној кој ја дава, со намера да ја злоупотреби или да ја пренесе врз трети лица или тој што таквата изјава непосредно ја пренесува врз трети лица.

    СЈО повторно апелираше до сите лица кои се засегнати со објавувањето на материјалите од приватните разговори кои се појавија на социјалните мрежи тоа да го пријават до ова Јавно обвинителство во најкус можен рок. „Воедно, ги повикуваме и сите субјекти кои поседуваат незаконско прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица истите да ги достават во најкраток  можен рок до ова Јавно обвинителство.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари