СЈО СО СЛУЧАЈОТ „ТАБЛА“ ЗА ПРВПАТ ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ФУНКЦИОНЕР НА ДУИ

    СЈО СО СЛУЧАЈОТ „ТАБЛА“ ЗА ПРВПАТ ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ФУНКЦИОНЕР НА ДУИ

    Сулејман Дервиши директор на основното училиште „Реџо Рушит Зајази“ од Зајас е осомничен во новата истрага на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) под името „Табла“ за незаконски склучен договор за градење на ново училиште во селото Горно Строгомиште, во Општина Зајас во јуни 2006 година.

    Дервиши, кој бил поставен за директор од градоначалник на ДУИ, се сомничи дека незаконски овозможил имотна корист на друго лице при што ја злоупотребил службената положба и овластување како директор на основното училиште „Реџо Рушит Зајази“.

    СЈО со случајот „Табла“, за прв пат отвара истрага за функционер на ДУИ.

    „Постои основано сомнение дека без да се спроведе постапка за јавна набавка и спротивно на задолженијата дадени со решението од Министерство за образование и наука  осомничениот со намера правното лице БАУПРОФ ДООЕЛ Кичево да се стекне со имотна корист, склучил Договор за градење на нов училишен објект во с. Горно Строгомиште, Општина Кичево, за износ од 12.346.394 денари или 200.000 евра. Од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот на 28.06.2006 година во Кичево, како службено лице – Директор на наведеното училиште ја искористил својата службена положба и овластување и oвозможил  имотна корист за едно правно лице“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи на вчерашната прес-конференција.

    Последен градоначалник на Општина Зајас е Бесим Велију од ДУИ. Во 2013 година општина Зајас е припоена кон Кичево.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира