СЛАДОЛЕДИ „МИЛКА“ И „КИТ КАТ“ ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПРОДАЖБА, ОНИЕ КОИ ГИ КУПИЛЕ ДА НЕ ГИ ЈАДАТ ОТИ НЕ СЕ БЕЗБЕДНИ

    СЛАДОЛЕДИ „МИЛКА“ И „КИТ КАТ“ ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПРОДАЖБА, ОНИЕ КОИ ГИ КУПИЛЕ ДА НЕ ГИ ЈАДАТ ОТИ НЕ СЕ БЕЗБЕДНИСтанува збор за слодолдите „кит кат стапче“, „милка ванила и чоколадо“ и „милка чоколадо со лешник стапче“. (Фото: СДК.МК)

    Сладоледите „кит кат“ и „милка“ од денеска се повлекуваат од продажба бидејќи се небезбедни за здравјето на граѓаните. При контролата на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ), во магацините на увозникот АЛМА М било констатирано дека производите содржат етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

    Станува збор за слодолдите „кит кат стапче“, „милка ванила и чоколадо“ и „милка чоколадо со лешник стапче“.

    „Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно забрането е негово ставање во промет. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нештетно да ги уништат”, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира