СЛЕДНАТА ГОДИНА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОБНОВА НА ОБЈЕКТИТЕ ОД ОДБРАНАТА

    СЛЕДНАТА ГОДИНА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОБНОВА НА ОБЈЕКТИТЕ ОД ОДБРАНАТАМинистерката за одбрана Радмила Шеќеринска вели дека и за годинава биле предвидени средства за обнова на објектите во одбраната, кои се стари, но дека секогаш не е до парите дали одредени инвестиции ќе се реализираат. (Фото: СДК.МК)

    За обнова на објектите во одбраната од следната година ќе има повеќе средства, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Одговарајќи на новинарско прашање до каде е обновата на објектите од одбраната, со оглед на тоа дека многу од нив се стари, не се енергетски ефикасни и придонесуваат во загадувањето таа рече:

    „За следната година планираме трикратно зголемување на средствата за инвестиција во објектите. Порано постоела служба што ги оддржувала, тоа се стари објекти. Ако мислите на тоа зошто сè уште се греат на мазут, имаше планирани средства и за годинава, но и самите знаете дека некогаш не е сè до парите. Годинава се работи на објектите во Куманово и две згради во Илинден, а за следната година ќе предвидиме повеќе средства“.

    Меѓу објектите на кои им е потребно реновирање е и воено-медицинскиот центар, кој е дел од некогашна Воена болница. Шекеринска рече дека во овој дел со измените на Законот за одбрана кои се во собраниска процедура, ќе се овозможи и формално лекари од јавното здравство да може да учествуваат во НАТО мисиите.

    „Знаете дека лекарите во Воено-медицинскиот центар немаат многу интервенции и немаат можност да стекнат рутина за одредени процедури. Во НАТО мисиите, пак, бараат доктори и докторите од јавно здравство ќе може да одат на определено време, а тоа е можност и да заработат. Досега за лекари од јавно здравство што оделе, а не биле вработени во одбраната, тоа било решавано на тој начин што биле дел од резервниот состав и тие што сакале можеле да се пријават за учество во мисиите. Со законските измени сега тоа и формално ќе биде така“, рече Шекеринска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари