СЛОБОДАН ИВАНОВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА, ЏЕВАТ СЕЛАМИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

    СЛОБОДАН ИВАНОВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА, ЏЕВАТ СЕЛАМИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕНа владината седница е донесена и одлука, согласно донесениот ребаланс на буџетот, да се исплатат сите заостанати прати на над 2.000 вработените во Национални шуми. (Фото: К. Попов)

    Владата на денешната седница назначи нови директори на Финансиската полиција и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    За в. д.  директор на Управата за финансиска полиција е назначен Слободан Ивановски, магистер по правни науки со положен правосуден испит.  Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи (УЈП), а во моментот е претседател за Комисијата за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп.

    Џеват Селами е именуван за в. д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во средното училиште „Арсени Јовков“ во Скопје, а од 2013 до 2020 година бил раководител на Одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

    На владината седница е донесена и одлука, согласно донесениот ребаланс на буџетот, да се исплатат сите заостанати прати на над 2.000 вработените во Национални шуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира