СЛУЧУВАЊАТА СО „ОГНЕНИТЕ“ ВО ДУИ НЕ Ѝ ПРАВАТ ПРОБЛЕМ НА ВЛАДАТА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИ

    СЛУЧУВАЊАТА СО „ОГНЕНИТЕ“ ВО ДУИ НЕ Ѝ ПРАВАТ ПРОБЛЕМ НА ВЛАДАТА, РЕЧЕ КОВАЧЕВСКИКовачевски во Преспа кажа дека ниеден од пратениците од ДУИ не рекол дека не ја поддржува Владата. (Фото: СДК.МК)

    „Случувањата со ‘огнената група’ во ДУИ не ѝ прават проблем на Владата, но не би сакал да коментирам настани во други политички пратии“, рече премиерот Димитар Ковачевски денес во Преспа, одговорајќи на новинарско прашање како несогласувањата во ДУИ ќе се одразат врз владеачкото мнозинство.

    „Доколку ги видиме изјавите на пратениците од ДУИ нити еден од нив не го довел прашањето на Владата во контекст дека не дава поддршка“, кусо рече Ковачевски.

    „Огнената група“, од која дел се истакнати членови на ДУИ, има забелешки на работата и функционирањето на партијата, особено на Артан Груби и бара реформи во ДУИ. Членовите минатата година испратија и писмо до лидерот Али Ахмети, во кое рекоа дека во ДУИ нема дебата и консултација со партиската база, кадровските решенија се привилегија само на Груби, две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма и дека е забележан пад на поддршката за партијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира