СМЕНЕТИ КЕДЕВ ОД КАРДИОЛОГИЈА И ШИКОЛЕ ОД НЕФРОЛОГИЈА, НОВИ ДИРЕКТОРИ НА 4 КЛИНИКИ

    СМЕНЕТИ КЕДЕВ ОД КАРДИОЛОГИЈА И ШИКОЛЕ ОД НЕФРОЛОГИЈА, НОВИ ДИРЕКТОРИ НА 4 КЛИНИКИДолгогодишниот директор на Клиниката за кардиологија Сашко Кедев и поранешниот премиер Никола Груевски. (архивска фотографија)

    Нови директори од денес имаат четири универзитетски клиники, односно Кардиологија, Нефрологија, Токсикологија и Клиниката за очни болести. Министерството за здравство соопшти дека нов директор на Кардиологија е д-р Беким Поцеста, кој доаѓа на местото на проф.д-р Сашко Кедев, а д-р Ирена Бушлетиќ ќе го замени д-р Александар Шиколе на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за очни болести за директор е именуван д-р Беким Татеши, кој доаѓа на местото на д-р Илијаз Исмаили.

    Од Министерството за здравство велат дека за директор на Клиниката за токсикологија е именуван д-р Нико Беќаровски. Оваа клиника повеќе од две години немаше медицински директор, бидејќи дотогашниот директор д-р Андон Чибишев стана пратеник и со клиниката менаџираше само економскиот директор Никола Тасев.

    „Воедно разрешени се економските директори од Клиниката за очни болести, Клиниката за токсикологија и од Универзитетскиот стоматолочки клинички центар„, велат од Министерството за здравство.
    Пред десетина дена Министерството з здравство го разреши директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија д-р Милан Ристески и на негово место за в.д директор го постави д-р Никола Васев.
    На клиниката за неврологија пак за в.д директор беше поставен д-р Илија Панговски, откако досегашниот директор д-р Александар Чапаровски беше уапсен, а потоа ми беше одреден и притвор под сомненине за земање мито. Досега единствен разрешен директор во јавните здравствени установи беше д-р Ристески од Онкологија, кој беше и дел од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, а беше и во Собранието на 27 април кога беа претепани и повредни над 100 пратеници, новинари, полицајци и граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира