СНЕГ ЗАВРНА НА МАВРОВО И ШАПКА, ОД ПОНЕДЕЛНИК ПАК ЗАТОПЛУВАЊЕ

    СНЕГ ЗАВРНА НА МАВРОВО И ШАПКА, ОД ПОНЕДЕЛНИК ПАК ЗАТОПЛУВАЊЕПо обилниот дожд кој паѓаше во текот на целата ноќ на Шапка, рано изутринава тој преминал во снег па набрзо се создала снежна покривка дебела околу десет сантиметри (Фото: З. Андонов)

    Утрово снег заврна на планините. Маврово и Попова Шапка беа покриени со снег од околу еден сантиметар. Како што информираат од Хидрометеоролошки завод во текот на денот врнежите од снег на планините ќе продолжат.

    Снегот не направи проблем во одвивањето на сообраќајот (Фото: З. Андонов)

    Времето денеска ќе биде облачно и студено, со врнежи од дожд, кои во попладневните часови ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде од 5 до 12 степени, а во Скопје 6 степени.

    „И утре ќе биде променливо облачно со северен ветер, наместа ќе има врнежи од дожд. Попладнето се очекува намалување на облачноста и стабилизирање на времето“, велат од Хидрометеоролошкиот завод.

    Од понеделник времето ќе биде стабилно и сончево со температури од 15 до 20 степени.

    По обилниот дожд кој паѓаше во текот на целата ноќ на Шапка, рано изутринава тој преминал во снег па набрзо се создала снежна покривка дебела околу десет сантиметри. Засега снегот не преставува никаков проблем за нормално одвивање на сообраќајот кој овој наш најголем зимски туристички центар.

    (Фото: З. Андонов)

    „Снегот почна да паѓа рано изутринава. Паѓаше со голем интензитет и набрзо ја покри целата планина и објектите на неа. Но поради сè уште топлото време, после неколку часа снегот почна по малку да се топи. Ваквото време пријатно нè изненади нас хотелиерите на Попова Шапка и тоа ни влева надеж дека оваа година може да имаме добра туристичка сезона“ нé информираа од хотелот „Скардус“ на Попова Шапка.

    Но дека ваквото време не е пречка за посета на Шар Планина зборува и податокот дека изутринава, и покрај снежните врнежи, група планинари тргнала од Попова Шапка кон највисокиот врв на Шар Планина, Титов врв.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира