СО 300.000 ЕВРА ОД ЈАПОНИЈА ВО ЗЕМЈАВА ЌЕ СЕ КУПАТ КОМУНАЛНО ВОЗИЛО, УЛТРАЗВУК, И ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ КРОВОВИ И ПОДОВИ НА ШКОЛО И КЛИНИКА

    СО 300.000 ЕВРА ОД ЈАПОНИЈА ВО ЗЕМЈАВА ЌЕ СЕ КУПАТ КОМУНАЛНО ВОЗИЛО, УЛТРАЗВУК, И ЌЕ СЕ РЕНОВИРААТ КРОВОВИ И ПОДОВИ НА ШКОЛО И КЛИНИКААмбасадорот на Јапонија Казуја Оцука вчера потпиша пет договори за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност. (Фото: Министерство за здравство)

    Јапонија донира над 300 илјади евра за пет проекти во Македонија и тоа за здравство, образование и за заштита на животната средина. Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука вчера потпиша пет договори за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (ГГП) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Македонија.

    Парите ќе се наменат за набавка на дигитален рентген за Здравствен дом Неготино, набавка на комунално возило за Општина Ранковце, за набавка на ултразвук за Специјализираната  болница за геријатрија и палијативна медицина во Скопје „13 Ноември“,  за реконструкција на покривот на Основното училиште „Раде Кратовче“ во Општина Кочани и за реновирање на вратите и подовите на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје.

    Од 1996, преку проектите од програмата за мали грантови (ГГП), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема и возила за повеќе од 76 училишта и градинки, 70 здравствени установи и обезбеди 36 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 53 општини, во вредност од повеќе од 9,2 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира