СО 52.000 ЕВРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НАБАВУВА СПЕЦИЈАЛНИ МАСКИ ЗА ЗАШТИТА ОД АЕРОЗАГАДУВАЊЕ

    СО 52.000 ЕВРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НАБАВУВА СПЕЦИЈАЛНИ МАСКИ ЗА ЗАШТИТА ОД АЕРОЗАГАДУВАЊЕМаските ќе се делат на хронично болни пациенти, согласно медицински индикации и дијагнозата. (Фото:Ѓ. Личовски)

    Министерството за здравство со 3,2 милиони денари или 52.000 евра ќе набавува 40.000 специјални маски за заштита на хронично болните од аерозагадување.
    Според јавниот повик објавен на електронскиот систем за јавни набавки понудите треба да се достават до 25-ти овој месец.

    Пред околу месец и половина Министерството за здравство соопшти дека го подготвуваат тендерот за набавка на 40.000 специјални маски кои штитат и од ПМ2.5 и од ПМ10 и рекоа дека малку доцнат, бидејќи процедурите за набавките се долги.

    Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ја почнуваат процедурата за набавка на маските, кои ќе се делат според индикација согласно дијагнозата и без обврска да ја повлекуваат целата количина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира