СО ИСТ ФАКУЛТЕТ И ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КАКО СУДИИТЕ, ИМ ЈА ВРШИМЕ ЦЕЛАТА РАБОТА, А ЗЕМАМЕ ТРИПАТИ ПОМАЛА ПЛАТА, ВЕЛАТ СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ КОИ ПРОТЕСТИРААТ СО СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

    СО ИСТ ФАКУЛТЕТ И ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КАКО СУДИИТЕ, ИМ ЈА ВРШИМЕ ЦЕЛАТА РАБОТА, А ЗЕМАМЕ ТРИПАТИ ПОМАЛА ПЛАТА, ВЕЛАТ СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ КОИ ПРОТЕСТИРААТ СО СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈАОд денешниот протест на судската администрација пред Основниот кривичен суд. (Фото: СДК.МК)

    Целата администрација од Кривичниот и од Граѓанскиот основен суд денеска излезе на двочасовен протест за повисоки плати, организиран од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

    Револтот е голем кај сите, бидејќи се незадоволни од материјалниот статус, од месечните примања и другите права, чие ниво е замрзнато со години.

    Онеправданоста кај судската администрација порасна особено кога беше објавено дека судиите ќе добијат додаток на платата за материјален статус. Судиите пак подолг период се жалат дека земаат убедливо најниски плати меѓу колегите во Европа и во регионот.

    „Со ист факултет, со правосуден испит како судиите, ние стручните соработници им го вршиме најголемиот дел на работата во предметите кои им се доделени, а ни бегаат трипати со платите. Ќе земат додаток и за материјален статус. Ние не сме луѓе, немаме статус?”, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК стручен соработник на судија во еден од двата најголеми суда во Скопје.

    Стручните велат дека ова е само за споредба, тие не протестираат против плати и додатоци за судии, туку за покачување на своите.

    И покрај штрајкот, судењата си течат, а записничарите место надвор, работат внатре, се со цел поради нив закажаните рочишта за денеска да не се одложат.

    Освен судската администрација, денеска и утре на двочасовен протест се вработените во министерствата, општините, државните управи, агенции и фондови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира