СО ПОРАКА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ И ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ХОЛОКАУСТОТ, ОДБЕЛЕЖАНИ 79 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ ВО НАЦИСТИЧКИТЕ ЛОГОРИ

    СО ПОРАКА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ И ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ХОЛОКАУСТОТ, ОДБЕЛЕЖАНИ 79 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ ВО НАЦИСТИЧКИТЕ ЛОГОРИПред споменикот на депортираните Евреи во логорот Треблинка денеска цвеќе положија претставници на Еврејската верска заедница, државни делегации и повеќе амбасадори во земјава. (Фото: К. Попов)


    Со пораката “Да се сеќаваме, за никогаш да не заборавиме, за никогаш да не се повтори”, денеска во Скопје беа одбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблика. На денешен ден во 1943, 7.144 евреи од земјава биле одвлечени од фашистите во скопскиот монопол, а потоа качени на воз и испратени во логорот на смртта Треблика.

    Пред споменикот на депортираните Евреи во логорот на смртта денеска цвеќе положија претставници на Еврејската верска заедница, државни делегации и повеќе амбасадори во земјава.

    „Тешко е да се замисли, а уште потешко е да се опише монструозноста на Холокаустот. Историјата нè учи дека во времиња на кризи и конфликти, популистите ги хранат луѓето со страв и гнев кон послабите и поранливите. Тука не зборувам само за антисемитизмот, туку и за сите други форми на омраза кон различните што се шират низ социјалните мрежи и медиуми насекаде во светот. Мора да се спротивставиме на секој обид за ревизионизам и негирање на вистината за Холокаустот, но и на секоја форма на омраза кон различните од нас“, вели претседателот Стево Пендаровски.

    84 члена од семејството на Виктор Мизрахи биле убиени во логорот, а преживеал само неговиот татко. Вели, за да не се повтори никогаш тој ден е потребна толеранција и почитување.

    „Зар не е подобро да го користиме зборот почитување, нашите дедовци и татковци знаеја да почитуваат, треба да се научиме и ние на тоа, да не ги правиме грешките кои ги направи еден црн човечки ум од 1939-1945“, рече Мизрахи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира