СО ПОРАКА „ОМРАЗАТА Е СЛАБОСТ“, СЕ ОДРЖА ОСМИОТ МАРШ НА ТОЛЕРАНЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО ПОРАКА „ОМРАЗАТА Е СЛАБОСТ“, СЕ ОДРЖА ОСМИОТ МАРШ НА ТОЛЕРАНЦИЈА

    Со слоганот „Омразата е слабост“, активисти од повеќе невладини организации денес маршираа низ центарот на Скопје, одбележувајќи го Меѓународниот ден на толеранцијата 16 Ноември. Маршот почна од Музеј на град Скопје, низ улица Македонија и заврши пред стоковна куќа „Мост“, каде организаторот на настанот Хелсиншкиот комитет за човекови права  ја промовираше годинешната кампања за толеранција.

    „Традиционално секоја година го одбележуваме меѓународниот ден на толеранцијата, а годинава решивме да го споиме со 13 ноември, празникот на Скопје. Годинава акцент ставивме на говорот на омраза, кој изминативе години е особено забележлив на социјалните мрежи и особено ги погодува ранливите групи, како што се Ромите, ЛГБТ заедницата, потоа сите слободномислечки граѓани и сите оние што ја критикуваат власта. Мото на кампањата е ‘Омразата е слабост’, затоа одбравме љубов“, рече Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
    Кочо Андоновски од Хелсиншкиот комитет потсети дека пред четири години на маршот на толеранцијата бече нападнта, како и останатите членови на ЛГБТ заедницата и дека за овој случај се уште нема судска разврска, а во меѓувреме застарело делото „смеќавање на јавен собир“.
    „Сметаме дека за ова е одговорен Судот, бидејќи дозволи толку да се одолговлекува постапката и да застари едно од делата“, рече Андоновски.
    Годинава по осми пат беше одбележан Меѓународниот ден натолеранцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира