БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС СТАСА ДО 500

    БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС СТАСА ДО 500На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, a во „8 Септември“ примени се 7; - Возило на Брза помош пред Инфективна клиника. (Фото: К. Попов)

    Со тројца починати во последните 24 часа, вкупно во земјата од последици на КОВИД-19 починаа 500 граѓанки и граѓани.

    Министерството за здравство соопшти дека минатото деноноќие се направени 689 тестови, а регистрирани се 74 нови случаи на коронавирус.

    Починаа 44-годишен скопјанец, пациент од Битола (73) и пациент од Демир Хисар (73). Министерството кусо додава дека сите пациенти се починати во болнички услови, без да каже за кои болници станува збор.

    Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравеа 90 пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 11.128, оздравени се 6.972, починаа 500, а активни се 3.656.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4.915, активни 1.363
    • Куманово 1.091, активни 269
    • Дебар 206, активни 117
    • Штип 872, активни 430
    • Прилеп 333, активни 53
    • Тетово 1057, активни 220
    • Струга 457, активни 203
    • Велес 225, активни 21
    • Битола 143, активни 63
    • Охрид 276, активни 87
    • Кавадарци 73, активни 53
    • Гостивар 487, активни 282
    • Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
    • Струмица 37, активни 21
    • Крива Паланка 25, активни 11
    • Радовиш 29, активни 16
    • Крушево 16, активни 9
    • Кочани 105, активни 24
    • Пробиштип 53, активни 19
    • Демир Хисар 34, активни 27
    • Македонски Брод 35, активни 30
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 8, активни 4
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 22, активни 18
    • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 14, активни 8
    • Свети Николе 227, активни 151
    • Кичево 175, активни 108
    • Ресен 146, активни 26
    • Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 689 теста се преку: ИЈЗ-549, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со ПЦР метода -110, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје:

    • Чаир – 168
    • Аеродром – 156
    • Бутел – 86
    • Гази Баба – 137
    • Центар – 116
    • Карпош – 118
    • Сарај – 65
    • Кисела Вода – 148
    • Ѓорче Петров – 99
    • Студеничани – 46
    • Шуто Оризари – 115
    • Арачиново – 24
    • Илинден – 23
    • Петровец – 16
    • Чучер Сандево – 8
    • Сопиште – 21
    • Зелениково- 8
    • Странец – 6
    • Нераспределен- 3

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира