СОБРАНИЕТО ДВАПАТИ ГЛАСАШЕ, НО НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕРЕ НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

    СОБРАНИЕТО ДВАПАТИ ГЛАСАШЕ, НО НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕРЕ НОВ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛСобраниската расправа за владиниот предлог за нов Јавен обвинител заврши на 15 декември, а денеска е само гласањето на дневен ред. - Лидерот на ДУИ Али Ахмети дојде денеска во Собранието да гласа за новиот Јавен обвинител (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието на денешното продолжение на 22. седница двапати гласаше за изборот на нов Јавен обвинител, но не успеа да го избере Љубомир Јовевски поради недоволен број гласови. При првото гласање, „за“ беа 59 пратеници, а еден беше „воздржан“. Во повторниот обид, имаше 60 гласа „за“, но пак недоволно, бидејќи потребни се 61 глас „за“. По второто гласање, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза за да можат координаторите на пратеничките групи на обезбедат кворум.

    Владата на седницата на 7 ноември донесе заклучок до Собранието да го достави предлогот за Јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, откако доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, чиј член е предложениот кандидат. Претходниот Јавен обвинител Марко Зврлевски беше разрешен на 17 август.

    Собраниската расправа за владиниот предлог за нов Јавен обвинител заврши на 15 декември, а денеска е само гласањето на дневен ред. Опозицијата не присуствува на гласањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира