Новата влада се комплетираше денеска, откако Собранието попладнево на 11. Седница ги избра замениците министри во Владата, „за“ гласаа 76 пратеници, „против“ беа 16 и немаше воздржани.
За заменик-министер за внатрешни работи беше избран Астрит Исеини кој е вонреден професор на Тетовскиот универзитет и на Факултетот за биотехнички науки во Битола, откако завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а потоа се стекнал со титулата доктор на науки по кинезиологија.
Зоран Димитровски, долгогодишен новинар и поранешен заменик-министер за локална самоуправа, беше избран за заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија.
Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески беше избран за заменик-министер за економија и труд, а поранешната пратеничка Ане Лашкоска за заменик-министер за животна средина и просторно планирање.
Новите заменици министри, по ресори:
- заменик-министер за одбрана – Елфет Исмаили, дипломиран економист
- заменик-министер за внатрешни работи – Астрит Исеини, доктор на науки по кинезиологија
- заменик-министер за правда – Ален Деребан, магистер по право
- заменик-министер за односи со заедници – Неждeт Мустафа, дипломиран професор по филозофија
- заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија – Зоран Димитровски, магистер на политички науки
- заменик-министер за европски прашања – Викторија Трајков, доктор на економски науки
- заменик-министер за финансии – Николче Јанкуловски, доктор по економски науки
- заменик-министер за економија и труд – Марјан Ристески, дипломиран економист.
- заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Мирослав Лабудовиќ, магистер по електротехника и информациски технологии
- заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – Флакрон Беџети, професор по политички науки.
- заменик-министер за здравство – Јовица Андовски, дипломиран економист
- заменик-министер за образование и наука – Лулзим Алиу, доктор на филолошки науки
- заменик-министер за социјална политика, демографија и млади – Ѓоко Велковски, дипломиран економист
- заменик-министер за локална самоуправа – Ерџан Селими, магистер по политички науки
- заменик-министер за култура и туризам – Седат Сулејмани, дипломиран теолог
- заменик-министер за дигитална трансформација – Радослав Настасијевиќ Варџиски, магистер на економски науки
- заменик-министер за јавна администрација – Лазе Јаќимоски, вонреден професор на Правен факултет – Кичево
- заменик-министер за транспорт – Калтрина Зеколи Шаќири, професор на Универзитетот „Мајка Тереза“, Факултет за социјални науки
- заменик-министер за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, инженер по хемија
- заменик-министер за спорт – Сафије Садики Шаини, инженер по информатика