СОБРАНИЕТО ГИ КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКИТЕ НА ДУИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:169:"Поконстатирањенаоставките,ВељаноскиненајавиноваседницазареконструкцијанаВладата";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБРАНИЕТО ГИ КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКИТЕ НА ДУИ

    Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги констатираше оставките на министрите и на замениците-министри од ДУИ.
    ДУИ предложи нови министри и нивни заменици, на местото на вицепремиерите Муса Џафери и Фатмир Бесими, на Беким Незири, Абдулаким Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и на замениците министри Адриан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селам.  Новите се Фестим Халили, министер без ресор (Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања), Арбер Адеми, министер без ресор (Заменик на Претседателот на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот Договор), Валдет Џафери, министер за правда, Пиштар Лутфиу, министер за образование и наука, Дритон Кучи, министер за економија, Башким Ахмети, министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези, министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири, министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

    ДУИ ги предложи Беким Максути за заменик-министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик-министер во Министерство за внатрешни работи, Фатон Положани за транспорт и врски и Гзим Беадини, заменик-министер за финансии.

    По констатирање на оставките, Вељаноски не најави нова седница за реконструкција на Владата, туку се премина на гласање да се стават на дневен ред предложените закони и измени на закони, кои Владата ги предложила по брза постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари