СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВОЗаконот беше изгласан по второто гласање, откако првото гласање во кое гласаа 74 пратеници претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи, бидејќи на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по гласањето излезе на собраниската говорница и кажа дека гласањето е нерегуларно бидејќи не добил збор и дека на првото гласање немало двотретинско мнозинство. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието со 80 гласови „за“ го донесе Законот за Јавно обвинителство. Законот беше изгласан по второто гласање, откако првото гласање во кое гласаа 74 пратеници претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи, бидејќи на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето.

    Потоа, процедурално збор побараа претениците Лилјана Поповска и Ферид Мухиќ. По гововорот на Мухиќ, Џафери повторно го стави Законот на гласање, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ довикуваа дека не може да се гласа бидејќи и тие бараат процедурално збор. Но, Џафери не им даде збор и го стави Законот на гласање.

    Од присутни 116 пратеници „за гласаа“ 80, а „против“ 6. (Фото. К. Попов)

    Од присутни 116 пратеници „за гласаа“ 80, а „против“ 6.

    Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по гласањето излезе на собраниската говорница и кажа дека гласањето е нерегуларно бидејќи не добил збор и дека на првото гласање немало двотретинско мнозинство.

    „Криминалци, криминалци. Ваквото гласање е кршење на Деловникот за работа и Уставот”, рече Мицевски.

    Потоа, Џафери констатираше дека Законот за јавно обвинителство е донесен и по барање на ВМРО-ДПМНЕ даде еден час пауза.

    Денеска треба да се гласа и за Законот за Совет на јавни обвинители и за Законот за одбрана за кој е потребно двотретинско мнозинство.

    Откако ќе бидат изгласани овие закони, ќе се одржи седницата за распуштање на Собранието заради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира