СОБРАНИЕТО ГО ПРЕПОЛОВИ УСТАВНИОТ СУД, ЏАФЕРИ ВЕЛИ ДЕКА Е НЕМОЌЕН ДА ГИ НАТЕРА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ИЗБЕРАТ УСТАВНИ СУДИИ

    СОБРАНИЕТО ГО ПРЕПОЛОВИ УСТАВНИОТ СУД, ЏАФЕРИ ВЕЛИ ДЕКА Е НЕМОЌЕН ДА ГИ НАТЕРА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ИЗБЕРАТ УСТАВНИ СУДИИЏафери вели дека нема врска што претседателот на Комисијата Костадин Костадинов не е веќе пратеник по изборот за градоначалник. Комисијата нема никакви пречки да работи. (Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд кој треба да брои 9 судии, за некој ден останува само со 5, со што се загрозува неговото нормално функционирање. Собранието цела година одбива да ги избере тројцата одамна пензионирани уставни судии на кои од јануари им се придружува уште еден.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери бели “јас можам да свикам седница за избор на уставни судии, ама бадијала ќе биде, кога членовите на Комисијата за избори и именувања ме дава предлози. За кого ќе гласаме на седница? Да беше изборот преку оглас, ќе имаше досега имиња, но за уставни судии предлози се даваат на седница на Комисијата за избор и именувања, од членовите на Комисијата. Не ја ни закажуваат”, вели спикерот Џафери.

    Тој вели дека нема врска што претседателот на Комисијата Костадин Костадинов не е веќе пратеник по изборот за градоначалник. Комисијата нема никакви пречки да работи.

    Претседателското место на Комисијата за избори и именувања е испразнето откако Костадин Костадинов од СДСМ стана градоначалник на Струмица на локалните избори во окотмври. Заменик на претседателот е Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ.

    Членови се: Горан Мисовски од НСДП, Диме Велковски и Фаница Николоска од СДСМ, Фадил Зендели од Беса, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбен Зибери од ДУИ, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Дафина Стојаноска, Игор Јанушев и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и Сурија Рашиди од АА.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира