СОБРАНИЕТО ИЗБРА УСТАВЕН СУДИЈА И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

    СОБРАНИЕТО ИЗБРА УСТАВЕН СУДИЈА И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИНовиот уставен судија Насер Ајдари денес ја потпиша свечената изјава во Собранието. (Фото: Ѓ .Личовски)

    Собранието со 62 гласа „за“ го избра за уставен судија државниот правобранител Насер Ајдари.

    Ангел Солев, поранешен судија и адвокатот Ангеле Илиевски се избрани за членови на Советот на јавни обвинители.

    Пратениците изгласаа и Декларација по повод 75 -годишнината од депортирањето на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка.

    Собранието, како што рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, се носи во спомен на 7.144 Евреи кои беа депортирани од Македонија.

    Со Декларацијата им се оддава почит на Евреите од Македонија и им се вреднува придонесот и значењето што го имаат за државата.

    На 11 март годинава, се навршуваат 75 години од депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија од страна на фашистите и нивните сојузници во логорот на смртта Треблинка, од каде што ниту еден од нив не се врати жив.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира