СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ДОГОВОРЕНИ ОД СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, ДЕБАР И МАВРОВО-РОСТУШЕ ОД ШЕСТАТА ОДАТ ВО ПЕТТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ДОГОВОРЕНИ ОД СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, ДЕБАР И МАВРОВО-РОСТУШЕ ОД ШЕСТАТА ОДАТ ВО ПЕТТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦАИзмените се на предлог на координаторите НА СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а според препорака на ОБСЕ да се сменат границите на Шестата бидејќи една изборна единица не смее да има 5% повеќе гласачи од другите. (Фото: К. Попов)

    Со 70 гласа „за“, Собранието утринава го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Според измените на Изборниот законик, Општините Дебар и Маврово-Ростуше место во Шестата ќе бидат во Петтата изборна единица.

    Со измените, од Општина Дебар, која во дел и досега беше во петтата изборна единица, во петката се селат дополнителни 11 избирачки места. Маврово и Ростуше се селат од шестка во петка, со вкупно 58 избирачки места.

    Факсимил од текстот на Предлог-законот за измена и дополнување на Изборниот законик. (Фото: СДК.МК)

    Предлагачи на измените на Изборниот законик се координаторите на трите најголеми партии во Собранието, Јован Митревски од СДСМ, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ и Ејуп Алими од ДУИ. „За“ гласаа пратеници од овие три партии.

    Промената на границите на Шестата изборна единица се дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР, бидејќи една изборна единица не смее да има 5% повеќе гласачи од другите.

    На истата седница рано изутринава, Собранието ја разреши и техничката министерка за труд и социјални работи од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи.

    Работата на Собранието продолжува денеска во 13 часот со гласање за Закон за Јавно обвинителство и за измените на Законот за Советот на јавните обвинители. Расправата за Законот за Јавно обвинителство заврши синоќа, но власта немаше двотретинско мнозинство, па гласањето беше одложено.

    Извод од гласањето за измените на Изборниот законик:

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира