СОБРАНИЕТО ЌЕ ФОРМИРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА КРИМИНАЛОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА

    СОБРАНИЕТО ЌЕ ФОРМИРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА КРИМИНАЛОТ НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈАФормирањето на анкетната комисија доаѓа откако Јавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. (Фото: К. Попов)

    Собранието на денешната седница го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со криминал во Клиниката за онкологија и радиотерапија.

    Во анкетната комисија ќе учествуваат 14 пратеници, од кои шест ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците.

    Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за еден месец од завршувањето на својата работа.

    Формирањето на анкетната комисија доаѓа откако Јавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира