СОБРАНИЕТО ПАК ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

    СОБРАНИЕТО ПАК ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈАМинистерот за надворешни работи Никола Димитров точка по точка повторно ги објаснуваше аргументите зошто договорот со Грција треба да биде ратификуван од пратениците. (Фото: К. Попов)

    Собранието со 69 гласа „за“ и 1 „воздржан“ во трето читање денеска го изгласа законот за ратификација на договорот со Грција за решавање на спорот за името. Воздржан беше пратеникот Ферид Мухиќ.

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров точка по точка повторно ги објаснуваше аргументите зошто договорот со Грција треба да биде ратификуван од пратениците. За причините на претседателот Ѓорге Иванов за непотпишување на указот за прогласување на законот, Димитров рече дека наводите дека се бришат македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се точни, туку напротив, со договорот тие се зајакнуваат.

    „Нема веќе да има погрдни имиња, додавки, фиром и слично. Си останува и ќе биде македонски јазик и македонски идентитет“, рече Димитров.

    Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференција со пратениците од неговата партија пред Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пак не присуствуваа на ратификацијата. Генералниот секретар Игор Јанушев на прес-конференција пред Собранието рече дека власта сама си го носи договорот со Грција, кој го нарече капитулантски и дека се него брише зборот Македонија и е штетен по националните интереси на државата.

    Тој најави кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев ако ратификацијата биде објавена во Службен весник без потпис на Иванов.

    На 20 јуни, Собранието со 69 гласа „за“ го ратификуваше договорот со Грција во второ читање, а Иванов на 26 јуни го извести Собранието дека донел одлука да не го потпише указот за прогласување на законот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира