Собранието на Македонија се распушти. Пратениците од опозицијата не беа во салата. Освен координаторите на пратеничките групи, не беа присутни ни пратениците на ДУИ и на ДПА.
Пратениците воопшто не расправаа за оставките на министрите и замениците министри на СДСМ.
Спикерот Трајко Вељаноски им се заблагодари на пратениците од досегашниот состав, но не кажа дали ќе ги распише изборите за 5 јуни веднаш, или ќе почека уште една недела.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев закажа прес конференција во седиштето на партијата.