СОБРАНИСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВЕЌЕ НЕ ЗАВИСИ ЗА ПЛАТА ОД ВЛАДАТА, А ПАРТИИТЕ НЕМА ДА КАЖУВААТ КОЈ ДА СЕ ВРАБОТИ ВО СОБРАНИЕ

    СОБРАНИСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ВЕЌЕ НЕ ЗАВИСИ ЗА ПЛАТА ОД ВЛАДАТА, А ПАРТИИТЕ НЕМА ДА КАЖУВААТ КОЈ ДА СЕ ВРАБОТИ ВО СОБРАНИЕ„На плеќите на собраниските служби поминуваат најважните политички процеси во државата“, вели претседателот на Собранието Талат Џафери. (Фото: СДК.МК)

    Службите на Собранието повеќе нема да бидат финансиски зависни од Владата, зашто со изгласаните измени на Законот за Собрание, тие стануваат независни не само за платата, туку и независни од секое парламентарно мнозинство што е на власт.

    „Мора да нагласиме дека досега иако формално независно, Собранието како институција беше целосно зависно од Владата, во однос на позицијата на службата, нејзиното екипирање, унапредување и вработување. Во тој контекст измените кои што ги изгласавме денеска се од исклучително значење за службите. Да не заборавиме дека на плеќите на собраниските служби поминуваат најважните политички процеси во државата“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

    На денешната 130. седница на Собранието со 82 гласови „за“, ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Собрание. Предвидени со него се не само нови вработувања во собраниските служби на годишно ниво, туку и унапредувања со цел нивна поголема ефикасност и стручност. Според измените, ќе се формира собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието со единствена функција – да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби, а планот за годишно вработување ќе го предлага генералниот секретар во согласност со буџетскиот совет на Собранието.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира