Берт Кундерс, холандскиот министер за надворешни работи, испрати писмо со сочувство до неговиот македонски колега Никола Попоски по повод поплавите во Скопје и Тетово.
„Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до Владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои загубија роднини и пријатели, со повредените и со оние кои ги загубија домовите“, напиша Кундерс во писмото со сочувство и им посака на граѓаните на Македонија сила и храброст во справувањето со последиците од трагедијата.