СОПСТВЕНИКОТ НА „БЕСА ТРАНС“ ОСУДЕН НА ЕДНА ГОДИНА И ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЦЕНЦА ЗА АВТОБУСОТ ШТО ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈА

    СОПСТВЕНИКОТ НА „БЕСА ТРАНС“ ОСУДЕН НА ЕДНА ГОДИНА И ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЦЕНЦА ЗА АВТОБУСОТ ШТО ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈАСлучајот беше отворен откако автобус на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село бугарското село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември 2021 година. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе, а се спасија седум од патниците. (Фото: СДК.МК)

    Основниот кривичен суд Скопје денеска неправосилно го осуди на една година и осум месеци затвор сопственикот на „Беса Транс“ Беким Хаџиу за кривичното дело Фалсификување исправа. Дополнително, судот го казни со парична казна од 800.000 денари, а фирмата ја казни со забрана за вршење меѓународен превоз во рок од четири години.

    Случајот беше отворен откако автобус на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село бугарското село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември 2021 година. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе, а се спасија седум од патниците.

    При изрекување на пресудата, судијата Ивица Стефановски кажа дека обвинетиот Беким Хаџиу е виновен затоа што како управител на „Беса Транс“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира