СПАСОВСКИ И ОФИЦИЈАЛНО СИ ЗАМИНА ОД МВР, НОВ МИНИСТЕР Е АГИМ НУХИУ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    СПАСОВСКИ И ОФИЦИЈАЛНО СИ ЗАМИНА ОД МВР, НОВ МИНИСТЕР Е АГИМ НУХИУ

    Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и официјално повеќе не е министер за внатрешни работи, откако претпладнево, како што потврдија за „Мета“ од МВР, му ја предал министерската функција на Агим Нухиу, кој досега беше заменик-министер во МВР.

    Со ова Нухиу, кој е кадар на ДУИ, е првиот Албанец што доаѓа на позицијата министер за внатрешни работи.

    Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), им заврши мандадот на министрите и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи (Оливер Спасовски), труд и социјална политика (Диме Спасов), земјоделство, шумарство и водостпанство (Љупчо Николовски), финансии (Кире Наумов) и за администрација и информатичко општество (Александар Кирацовски), во согласност со Договорот од 20 јули.

    „Заради организирање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата, со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што мандатот им престанува по сила на закон“, стои во став 1 од членот 1 од измените на Законот за Влада, донесен на 28 јули годинава, врз основа на Договорот од Пржино и на Договорот од 20 јули.

    Засега нема официјална потврда дали било извршено примопредавање на министерската функција во Министерството за труд и социјална политика, но од денеска на официјалната интернет-страница на министерството во категоријата министер ја нема фотографијата и биографијата на техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски. Инаку, на нејзино место, по прогласувањето на конечните резултати од изборите, доаѓа досегашниот заменик-министер во МТСП, Ибрахим Ибрахими.

    Оливер Спасовски и Фросина Ташесвка-Ременски на предвремените парламентарни избори освоија пратенички мандати, кои треба да им бидат верификувани утре, за кога е закажана конститутивната седница на Собранието.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира