СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БАРА ОД ПОЛИЦИЈАТА ДА ОБЕЗБЕДИ СЛУЖБЕНИК НА УБК ЗА РАСПИТ

    СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БАРА ОД ПОЛИЦИЈАТА ДА ОБЕЗБЕДИ СЛУЖБЕНИК НА УБК ЗА РАСПИТ

    Скопје, 29 март, 2016 – Специјалното обвинителство побарало од судија на претходна постапка да издаде наредба за претрес во домот на едно лице вработено во УБК, објави вечерва порталот НОВА. Судијата одбил да даде налог за претрес.

    Интернет порталот ја цитира портпаролката на СЈО обвинителката Ленче Ристоска:

    „Со оглед на тоа дека за осомниченото лице постојат безбедносни прични да биде обезбеден, СЈО побара налог за притвор кој исто така беше отфрлен од судијата. СЈО потоа се обиде да го пронајде лицето за да го сослуша, но лицето веројатно добило дојави дека е барано и во моментов не може да се лоцира, изјави за НОВА портпаролката на СЈО.

    Како што јави НОВА, станува збор за Началникот на петтата управа Горан Грујовски кој во моментов не е достапен за Специјалното јавно обвинителство, а полицијата го бара за да овозможи негово сослушување.

    СЈО денеска доставило барање до судијата во претходна постапка, Јован Лазаревски, да се даде налог за претрес во домот на Грујовски со цел да се обезбедат докази. Судијата Лазаревски го одбил оваа барање, по што СЈО издало налог Грујовски да биде обезбеден за распит. Согласно законот СЈО има мандат да бара од полицијата да обезбеди осомничено лице во период од 24 часа во кој ќе се изврши распит.

    Полицијата трага по него.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари