Полициски специјалци ги извлекоа пратениците на СДСМ и новиот претседател на Собранието Талат Џафери, кои беа заглавени во прес-центарот, откако демонстранти на „За заедничка Македонија“ влегоа во зградата на парламентот.
Во и околу прес-центарот има димна завеса и судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои претходно физички ги нападнаа пратениците на СДСМ и новинарите. Повредени се пратениците Зоран Заев, Зијадин Села и Дамјан Манчевски, а двајца новинари се повредени со удар по глава.