СПОРНИТЕ 30.000 ГЛАСАЧИ СЕ ВРАЌААТ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"Скопје,(САКАМДАЖАМ.МК)

    СПОРНИТЕ 30.000 ГЛАСАЧИ СЕ ВРАЌААТ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

    Спорните околу 30.000 гласачи кои беа избришани од Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 11 декември минатата година ќе бидат вратени во Избирачкиот список оти така е предвидено во Изборниот законик, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Љупка Гогучевска, советничка за односи со јавност во Државната изборна комисија.

    Собранието, со последните измени на Изборниот законик, предвиде спорните гласачи да бидат избришани од Избирачкиот список само до завршувањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември и тие ќе можат да гласаат на локалните избори, кои треба да се одржат во мај, но точниот датум не се знае зашто локалните избори ги распишува претседателот на Собранието, кој се уште не е избран.

    Спорни беа гласачите коишто и по вкрстените и теренските проверки не можеа да се пронајдат дека постојат и такви имаше 30.447.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира