СРЦЕ ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА ПРЕСАДЕНО КАЈ 46-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА

    СРЦЕ ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА ПРЕСАДЕНО КАЈ 46-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОХИРУРГИЈАТрите ќерки на починатата дарителка одлучија да ги подарат органите, вели Министерството за здравство. (Фото: МЗ)

    Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46-годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат дарител, соопшти Министерството за здравство. Ова е осма транспатација на срце од починат дарител во земјава, претходната беше извршена во јануари.

    „Голема благодарност до семејството на донорот, до нејзините три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи. Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме“, веи министерот за здравство Беким Сали.

    Од Министерството велат дека во моментов, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа. Во наредните недели, пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување.

    „Би сакал да се заблагодарам и на уште едно семејство на младо момче кои вчера и покрај својата голема болка исто така изразија подготвеност да ги донираат органите. Овие две смејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот. До колегите лекари од клиниките за КАРИЛ, Неврохирургија, Кардиохирургија, Урологија, Нефрологија, Кардиологија, Трансфузиологија, Рендген, Ортопедија, како и до болничките координатори и до националниот координатор за трансплантација, кои заедно изминативе 24 часа работеа и се уште работат, им благодарам за сета пожртвуваност која ја покажаа овие два дена“, вели Сали.

    Во мај 2020, на Клиниката за кардиохирургија беше изведена првата експлантација, а потоа и трансплантација на срце од починат донор во нашата земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира