СРЦЕВИТЕ ЗАБОЛУВАЊА НАЈГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗА СМРТНОСТ ВО ЗЕМЈАВА, ЛАНИ ПОЧИНАЛЕ 8.836 ЛИЦА

    СРЦЕВИТЕ ЗАБОЛУВАЊА НАЈГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗА СМРТНОСТ ВО ЗЕМЈАВА, ЛАНИ ПОЧИНАЛЕ 8.836 ЛИЦАСпоред извештајот на Институтот за јавно здравје болестите на циркулаторниот систем учествуваат со 43,8% во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причини за смрт.(Фото: К. Попов)

    Лани во Македонија од срцеви заболувања починале 8.836 лица со стапка на смртност од 483,4 на 100.000 жители. Од нив 4.369 се мажи, а 4.467 се жени. Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) болестите на циркулаторниот систем учествуваат со 43,8% во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причини за смрт. Во 2010 година стапката на морталитет изнесувала 538,6, а во 2023 година 483,4 на 100.000 население.

    Специфичната стапка на морталитет по возраст од циркулаторни заболувања кај населението над 65 години е значително повисока во споредба со специфичната стапка на морталитет кај населението од 0-64 години.

    Стапката на морталитет од цереброваскуларни болести на возраст над 65 години во 2023 година изнесувала 553,7 на 100000 население.

    Извештајот на ИЈЗ покажува дека стапката на смртност од исхемични болести на срцето во периодот 2010-2023 година е повисока кај машката популација, додека стапката на смртност од цереброваскуларни заболувања во целиот анализиран период 2010-2022 година е повисока кај женската поулација, а во 2023 е повисока кај машката популација

    Во 2023 година акутниот миокарден инфаркт учествувал со 88,4% во исхемичните болести на срцето, а церебралниот инфаркт и шлогот, неозначен како крварење или инфаркт со 91,3% во цереброваскуларните болести.

    Според податоците од датабазата на СЗО, стапката на морталитет од болести на циркулаторниот систем на 100 000 население се движела од 92,0 во Израел, 113,0 во Данска, 141,0 во Шведска, 165,0 во Германија, 170,0 во Грција, 171,0 во Словенија, 232,0 во Турција, 372,0 во Унгарија, 436,0 во Романија, 506,8 во Македонија, 539,0 во Бугарија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира