Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски му ја честиташе победата на неговиот противкандидат Стефан Богоев на локалните избори.
Јакимовски, кој е кандидатот за градоначалник на Карпош на Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција изјави дека Богоев од СДСМ води убедливо.
„Јас му го честитам изборот за градоначалник. Очигледно е дека граѓаните на Карпош наместо резултати, избраа приказна. Ние ќе останеме присутни меѓу граѓаните на општината. Какви ќе бидат резултатите од изборот на новиот градоначалник на Карпош и дали граѓаните го направиле вистинскиот избор, ќе видиме по четири години“, изјави Јакимовски.
Тој рече дека на денешното гласање во Карпош се случувале чудни нешта, односно дека според информациите што ги добил, на некои избирачки места недостигале избирачки ливчиња.