СТИЛОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ НЕ Е БЕГАЊЕТО, КАЖА МИЈАЛКОВ ПО ИЗРЕКУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

    СТИЛОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ НЕ Е БЕГАЊЕТО, КАЖА МИЈАЛКОВ ПО ИЗРЕКУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНАЕксдиректорот на УБК Сашо Мијалков на денешното изрекување на казната за „Титаник 2“. (Фото: К. Попов)

    Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков кажа дека нема намера да бега, откако по изрекувањето на казната затвор од три години во предметот на СЈО „Титаник 2“, СЈО побара од судот да му изрече мерка притвор поради опасност од бегство.

    „Со ниеден гест не сум покажал дека мислам да бегам, а камоли да избегам. Со бегање не се решаваат проблемите, стилот на моето живеење не е бегањето. Ако одлучи Апелација, јас ќе ја одлежам казната“, рече Мијалков по барањето на Фетаи да му се изрече мерка притвор.

    Според него, ваквото тврдење на Фетаи дека ќе избега, а притоа таа да не даде ниту еден аргумент, како што кажа тој, е тврдење на ниво на шпекулација.

    Во моментов, судот се повлече да одлучи за предлозите за притвор за осудените во „Титаник 2“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира