СТОЈАМ ПРЕД ВАС ОБЛЕЧЕН ВО БЕЛО КАКО ТИТО, А ВИЛМА ЈА НЕМА, ГИ ПОЧНА ЗАВРШНИТЕ ЗБОРОВИ БОКИ 13 ВО КОИ РЕЧЕ ЌЕ ЈА ОТВОРА ПАНДОРИНАТА КУТИЈА

    СТОЈАМ ПРЕД ВАС ОБЛЕЧЕН ВО БЕЛО КАКО ТИТО, А ВИЛМА ЈА НЕМА, ГИ ПОЧНА ЗАВРШНИТЕ ЗБОРОВИ БОКИ 13 ВО КОИ РЕЧЕ ЌЕ ЈА ОТВОРА ПАНДОРИНАТА КУТИЈАЦело време обвинителката Вилма Русковска, која не дојде на денешните завршни зборови на обвинетите, Боки 13 ја нарекуваше „обвинителката што сакаше да биде Катица Јанева". (Фото: СДК.МК)

    Првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски во завршни зборови кажа дека ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе каже сè околу конструираниот според него политички случај против него и Катица Јанева, па макар и да го самоудават во Шутка во кофа.

    Цело време обвинителката Вилма Русковска, која не дојде на денешните завршни зборови на обвинетите, Боки 13 ја нарекуваше „обвинителката што сакаше да биде Катица Јанева”.

    „Како иден лидер на оваа земја морам да внимавам и на Уставот и на законите, а овде не се испочитувани. Пред судниците пишува Република Македонија, а нашето уставно име е Република Северна Македонија. За такво нешто министер беше разрешен”, кажа Боки пред да се впушти во побивање на обвинението на Русковска.

    На почетокот покажа големи фотографии со осудениот Зоран Милевски-Кичевскиот, кој призна вина, доби 3 години затвор неправосилно и го пушти од притвор. На фотографиите се гледа како Милевски, кого Боки го нарекува агентот провокатор кој го наместил под диктат на Камчев за да се уништи СЈО и тој да се спаси од „Империја”, како седи во ноќни локали со актуелни директори.

    Јовановски е облечен во бел костум. Кажа дека тој всушност е облечен како Тито и стои тука, а денес неа ја нема. За обвинителот од организиран криминал што ја заменува и првпат доаѓа денес на овој предмет, Јовановски рече: „Не знам што бара овој обвинител овде”.

    На коментарот на судијката Васка Николовска-Масевска дека кога зборува треба да се сврти кон судот и во него да гледа, а не накај публиката, Боки рече: „Јас сум артист и живеам за тоа”.

    Јовановски кажа дека во притвор бил дискриминиран и нарекуван „педер”, особено откако премиерот Зоран Заев го нарекол јавно така.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира