СУДИЈА ЈАС ИМАМ 37 ТЕМПЕРАТУРА, КАЖА БОКИ 13, А СУДИЈКАТА МУ ОДГОВОРИ ДЕКА НАД 37,5 Е ОПАСНО, ПО ШТО ПРОДОЛЖИ „РЕКЕТ” НАКАЈ КРАЈОТ

    СУДИЈА ЈАС ИМАМ 37 ТЕМПЕРАТУРА, КАЖА БОКИ 13, А СУДИЈКАТА МУ ОДГОВОРИ ДЕКА НАД 37,5 Е ОПАСНО, ПО ШТО ПРОДОЛЖИ „РЕКЕТ” НАКАЈ КРАЈОТОбвинетиот Бојан Јовановски Боки 13 на денешното рочиште за „Рекет“ дава завршни зборови. (Фото: СДК.МК)

    Со денешните завршни зборови на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, во речиси празен суд и под големи безбедносни и здравствени мерки поради зголемениот број на новозаразени со КОВИД-19, почнаа нивните завршни зборови во „Рекет”. Пресудата ќе биде за неколку дена.

    На почетокот на денешното рочиште Боки кажа:
    „Судија, утринава на влезот во Кривичниот суд мене ми беа измерени 37 степени Целзиусови телесна температура”.

    „Не е опасно. Над 37,5 степени целзиусови е алармантно. Продолжуваме со завршните зборови, повелете”, рече судијката Васка Николовска-Масевска.

    „Во ред судија, јас само да си кажам”, додаде Боки 13.

    Случајот „Рекет” е чиста брутална политика, оти некој така решил да се води, смета адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, обвинет дека од бизнисменот Орце Камчев изнудил 1,5 милион евра за да го спаси преку Катица Јанева од истрагата „Империја”, и побара ослободителна пресуда за својот клиент.

    „Овој случај беше одлична шанса да му се даде на народот тема, за да му се оттргне внимание од друга работа. Му ‘дадоа’ на народот една ташна, го осудија Бојан Јовановски уште пред да се почне постапката. Овој случај нема докази. Видовме само банкноти од 50 евра и женска рака. Тоа трае 3 секунди. Следи сцена од уште 2 секунди, како Зоран Милевски ја носи, т.е. ја мавта, ја летка таа торба како празна. Што гледаме на режираната снимка? Нема примопредавање на пари, на торба”, рече адвокатот Сашко Дуковски, кој по спецификацијата на банкноти по 50 евра, како што тврдеше пријавителот Камчев, и по сумата која тврди дека му ја дал, пресмета дека во торбата требало да има 18,5 килограми пари по 50 евра. А неа, рече тој, осудениот Зоран Милевски ја мавта како пердув.

    Исто главна забелешка му е и тврдењето дека намерно обвинителката Вилма Русковска не го извештачи целосно мобилниот телефон на Јовановски и дека судот ги игнорираше упорните укажувања и барања за неселективно вештачење на тој телефон.

    Боки 13 ќе зборува по неговиот адвокат, а потоа одбраната на Јанева и на крајот таа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира