Професор д-р Јован Стојановски, кандидатот на СДСМ, победи во првиот круг на изборите за градоначалник на Охрид.
Од СДСМ соопштија дека нивниот кандидат освоил 16.476, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилев, 11.959 гласови. Од партијата слават на плоштад.
Третиот кандидат кој влезе во изборната трка како независен, Стевче Стевоски, освоил 531 гласови.
Според податоците од изборниот штаб на СДСМ, тие освоиле и мнозинство на советнички места во Градскиот совет на Охрид.
Д. ЧУБРИЌ