СТОЛТЕНБЕРГ И СОВЕТОТ НА НАТО НА 2 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ

    СТОЛТЕНБЕРГ И СОВЕТОТ НА НАТО НА 2 ЈУНИ ВО СКОПЈЕГенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Советот на НАТО ќе имаат средби со државниот врв за приклучување на земјава во Алијансата; - Столтенберг на 12 јули 2018 му ја врачи поканата за членство на Македонија во НАТО на премиерот Зоран Заев (Фото: МИА)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет на втори и трети јуни доаѓаат во Македонија. Столтенберг и Советот за време на дводневната посета ќе имаат средба со државниот врв за пристапување на земјата кон Алијансата.

    Ова е прва посета на Столтенберг по потпишувањето на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Северноатлантскиот совет  е главно политичко тело, кое ги носи одлуките на НАТО, ги надгледува политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира