Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вели дека утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули.
„Утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули. Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО“, рече Пендаровски РОС-РОТ семинарот што се одржува во парламентот.
Пендаровски додаде дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, бидејќи околу 80 отсто од граѓаните се за влез во Алијансата, без оглед на етничката припадност.