СТОРИЈАТА ЗА СКАНДАЛОТ СО ЦИТОСТАТИЦИ НА ОНКОЛОГИЈА НА ИРЕНА МУЛАЧКА ЈА ДОБИ ПРВАТА НАГРАДА НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО

    СТОРИЈАТА ЗА СКАНДАЛОТ СО ЦИТОСТАТИЦИ НА ОНКОЛОГИЈА НА ИРЕНА МУЛАЧКА ЈА ДОБИ ПРВАТА НАГРАДА НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВОСо сторијата „Скандал Онкологија“ се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти.

    Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, вчера ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција.

    Првата награда ја доби новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата „Скандал Онкологија“, со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти.

    „Искрено се надевам дека, малку од малку, оваа приказна успеа да им помогне на пациентите во Македонија и се надевам дека до крајот на годината ќе има правна разврска. Благодарност до редакцијата ‘Фокус‘, до жирито и до моето семејство“, рече Мулачка.

    Втората награда ја добија новинарите Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен за сторијата „Семејно стебло Зајас, Соравиа, струја, дипломатија“ од емисијата „КОД“ на „Телма“, која открива фамилијарни врски и злоупотреби од високи функционери, додека третата им припадна на новинарите Александар Методијев и Сузана Мицева за сторијата „Кревките шуми“, која истражува нелегална сеча на шуми и институционална негрижа за животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира