СТОТИНА ПРИВАТНИ ОРДИНАЦИИ ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ОТИ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРААТ 

    СТОТИНА ПРИВАТНИ ОРДИНАЦИИ ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ОТИ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРААТ Само во Скопје 45 матични лекари до крајот на годината се за пензионирање, - Од протестот во април. (Фото: К. Попов)

    Стотина лекари од приватни ордоинации во неколку градови во земјава до крајот на годинава треба да заминат во пензија. Ако тие, како носители на дејност на приватната здравствена установа, се пензионираат, вториот тим од лекари и медицинските сестри ќе мора да одат како невработени под Агенција за вработување. За последиците предупредуваат од Здружението на приватните лекари на Македонија (ЗПЛМ) и велат дека ова е проблем кој никој не го согледува.

    Според Законот за работни односи, секој вработен маж по наполнети 64 години и жена со 62 години оди во пензија.

    „На терен утврдивме дека само во Скопје 45 матични лекари до крајот на годината се за пензионирање. Дебар може да остане и без ниту еден лекар, таму има педијатрии кои лекуваат шест илјади деца. До крајот на годината, во Македонија стотина доктори треба да заминат во пензија. Ова е сериозен проблем за пациентите, каде ќе одат, кај кој доктор ќе продолжат да се лекуваат: Со постојниот Закон, пациентите се на приватната здравствена установа. Ако сопственикот се пензионира, почине, замине во странство да работи, ординацијата се згаснува, колегите остануваат на улица, заедно со медицинските сестри“, вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на ЗПЛМ.

    Од Здружението апелираат до Владата, Министерството за здравсто и Фондот за здравствено осигурување итно да преземат мерки за да може докторите и медицинските сестри кои се вработени во тие приватни здравствени установи да продолжат да работат. За членовите на ЗПЛМ ова одредба од законот е целосно дискриминаторска.

    „Сите сме сведоци дека во приватните болници има доктори кои работат и со 80 години возраст, а ние во амбулантите мора на 62 за жени или 64 за мажи да одиме во пензија и колегите што работат какво втор тим и медицинските сестри да останат на улица. Ова е огромна дискриминација на докторите од примарното приватно здравство“, вели д-р Чолакова-Дервишова.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира