СТРУМИЦА Е БАЛКАНСКИОТ РИО – ДЕФИЛЕ НА НАД 2.000 МАСКИ НА КАРНЕВАЛОТ

    СТРУМИЦА Е БАЛКАНСКИОТ РИО – ДЕФИЛЕ НА НАД 2.000 МАСКИ НА КАРНЕВАЛОТ

    Цели четири часа траеше големото карневалско дефиле во Струмица на кое своите маски ги претставија повеќе од 2.000 учесници од земјава и странство. Разновидни креации и музичко-сценски настапи, презентираа карневалџиите, потсетувајки дека Струмица е балканскиот Рио со својот раскош, убавина и посетеност.

    Атмосферата ја надополнија и карневалџиите од Словенија, Црна гора, Србија, Бугарија, Албанија, Русија и Аруба. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Атмосферата ја надополнија и карневалџиите од Словенија, Црна гора, Србија, Бугарија, Албанија, Русија и Аруба. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Бевме слушнале, но ова што го видовме вечерва навистина нè импресионира. Имате карневал кој е далеку поинтересен од нашите во Бугарија. Ова е балкансиот Рио“, кажа Станислава Илиева од Софија која со сопругот и пријатели специјално за карневалот допатувале во Струмица.

    По завршување на дефилето, карневалџиите ги запоседнаа угостителските капацитети каде имаше разновидни забави под маски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    По завршување на дефилето, карневалџиите ги запоседнаа угостителските капацитети каде имаше разновидни забави под маски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сите маски кои беа презентирани, како што тврдат учесниците, бил рачно изработени, а пренесуваа пораки на љубов, забава, игра, чување на природата, културата. Атмосферата ја надополнија и карневалџиите од Словенија, Црна гора, Србија, Бугарија, Албанија и Русија, додека учесниците од Аруба со своите пердувести маски и звуците на самба ги разиграа струмичани.

    Странските гостите велат дека се изненадени од гостопримливоста и ниските цени на градот за време на карневалот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Странските гостите велат дека се изненадени од гостопримливоста и ниските цени на градот за време на карневалот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „За првпат доаѓаме и сме изненадени, како од карневалот, така и од карневалскиот ритам што го има градот, гостопримливоста и ниските цени. Дојдовме завчера и ова е вистинско место за забава под маска. Ќе пренесеме дека најдобриот карневал на Балканот е во Струмица“, истакна Горан Соиќ од Белград
    Десетици илјади посетители го следеа големиот карневал во Струмица, а потоа ги запоседнаа угостителските капацитети каде имаше разновидни забави под маски.

    В. Трајков

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира