СТРУЖАНИ СЕ ОХРАБРИЈА ДА ПРИЈАВУВААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, НО ИМА САМО ЕДЕН СЛУЧАЈ СО СУДСКИ ЕПИЛОГ И ЕДНО ОДЗЕМАЊЕ НА РОДИТЕЛСКО ПРАВО

    СТРУЖАНИ СЕ ОХРАБРИЈА ДА ПРИЈАВУВААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО, НО ИМА САМО ЕДЕН СЛУЧАЈ СО СУДСКИ ЕПИЛОГ И ЕДНО ОДЗЕМАЊЕ НА РОДИТЕЛСКО ПРАВООд струшкиот Центар за социјална работа велат дека се преземаат соодветни мерки за малолетните деца кои се наоѓаат во ризик како и за сите видови на семејно насилство. - Директорот Мевмед Халили (Фото: СДК.МК)

    Покрената е постапка за одземање на родителското право за мајката од Дебар која минатиот месец во Струга го претепа своето 8-годишно дете оти не сакало да питачи. 28-годишната мајка, која со сила барала нејзиниот малолетен син да проси по улици, тогаш заработи кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“ а детето заврши во болница по што e пренесено и сместено во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје.

    „Полициските службеници ја приведоа несовесната мајка и во соработка со Центарот за социјални работи детето е пренесено во Мајчин дом во Скопје за понатамошна грижа. Против мајката е поднесена соодветна пријава“, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

    Од струшкиот Центар за социјална работа велат дека се преземаат соодветни мерки за малолетните деца кои се наоѓаат во ризик како и за сите видови на семејно насилство.

    Според искуството лицата кои имаат брачни и семејни проблеми со елементи на семејно насилство не многу лесно се одлучувале да пријават во Центарот но сепак бројот за разлика од лани е двојно поголем. Причина за непријавувањето според социолозите се традициите кај населението, економската состојба и нерешеното станбено прашање а карактеристично е и тоа што само една стружанка годинава се охрабрила да поведе бракоразводна постапка. Најчесто жртва на семејно насилство е жената, но загрижува тоа што расте и бројот на деца -жртви.

    „Иако во овој регион, жртвите претежно молчат, годинава 15 лица се охрабриле и пријавиле семејно насилство, што е двојно повеќе во однос на минатата година. Од вкупната бројка само за еден случај е поведена судска постапка и е завршен со судски епилог “, велат од Центарот за социјална работа од Струга.

    Директорот Мевмед Халили вели дека согласно Законот за семејство досега само во еден случај е регистрирано одземање на родителско право за негрижа и запоставување на детето.

    „Станува збор за родител татко кој не ги почитува родителските права и обврски кон детето, неговата тотална незаинтересираност, немање интерес за одржување на контакти и средби со детето и неплаќање издршка која судот му ја одредил“, вели Халили.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира