СТУДЕНТИТЕ ВО СЛОВАЧКА ЌЕ МОЖАТ ДА УЧАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ОБЈАВЕН ПРВИОТ УЧЕБНИК ЗА СЛОВАЦИ

    СТУДЕНТИТЕ ВО СЛОВАЧКА ЌЕ МОЖАТ ДА УЧАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ОБЈАВЕН ПРВИОТ УЧЕБНИК ЗА СЛОВАЦИУчебникот се состои од 195 страници, поделени во 29 поглавја кои обработуваат различни теми за изучување на македонскиот јазик. (Фото: СДК.МК)

    Студентите на факултетите во Словачка ќе можат да учат македонски јазик откако е објавен учебник за изучување на македонски јазик за Словаци.

    Станува збор за прв учебник за изучување македонски јазик во Словачка, кој е наменет за студентите на универзитетите во оваа земја, кои ќе можат факултативно да го изучуваат македонскиот јазик. Автори на учебникот се вонредните професори д-р Игор Станојоски и д-р Звонко Танески, а рецензенти се професорите Павол Жиго, Мартина Иванова, Гоце Цветановски и Снежана Петрова-Џамбазова.

    Учебникот е издание на издавачката куќа „Стимул“ на Филозофскиот факултет на Универзитетот Коменски во Братислава и се состои од 195 страници, поделени во 29 поглавја кои обработуваат различни теми за изучување на македонскиот јазик. Идејата за издавање ваков учебник беше на вонредниот професор д-р Звонко Таневски, а беше поддржана од нашата Амбасада во Братислава и од амбасадорката Евгенија Илиева.

    Учебникот беше претставен на приемот кој Амбасадата во Братислава го организираше по повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Словачка. Наскоро ќе се одржи и официјална промоција на учебникот пред академската заедница во Словачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира