И Субхи Јакупи, членот на Државната изборна комисија од ДУИ, поднесе оставка, објави државната агенција МИА. Јакупи денеска до Собранието ја доставил својата оставка и вели дека парите од бонусите ќе ги врати во буџетот. Оставката на Јакупи доаѓа еден ден по оставките на претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.
Оставките на членовите на ДИК, следуваат откако на 4 декември американскиот амбасадор Џес Бејли, откри дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија, а претходно дополнителено добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година.
По притисокот од јавноста, ДИК потоа одржа јавна седница 5 декември на која членовите најавија дека ќе ги донираат бонусите во хуманитарни цели.